
Крадам 5-6 минути од работното време да пишам збор-два. Блогов кога го отворив си го замислив како он-лајн дневник, да си го водам дневно, да си ги забележувам битните моменти и нормално после година две да си евоцирам спомени...и го терав така одредено време, после тоа почна да ми станува обврска за која искрено немав време да си ја исполнувам секој ден. Почна да ме мрзи да бидам искрен, а не дека немаше што да се пишува. Има и тоа како, секој ден се случува нешто, ваљда затоа што сум на шесто страни раштркан, се бафтам со се и сешто и се моткам со цела чета луѓе. Добро да бидам искрен дел од работите што ми се случуваат и не се баш за на блог....тируриру..
"Боледував од шизофренија ама сега фала богу двајцата сме ОК"
Него јас пак ќе го тупам за моторот, абе мора да купам мотор и точка. Се ми беше фино лепо испланирано, да земам поголем кредит од Стопанска, да се ги подмирам долговите и со остатокот да си купам моторче едно така поголемко. Арно ама буљашите не ми одобрија ни пола од тоа што го побарав -"затоа што релативно е нова фирмата" пеери...ми го скршија филмот. Ама кој ги онади, не им го зиам кредитот, ќе барам сеа во Тутунска. Таму ме сакаат. И јас ги сакам. Инаку на работа е ок стварно, мада ми е напорно пошто по цел ден црнчам, ама јбг, пари и одмор не одат заедно, или црнчиш и заработуваш или уживаш и проживуваш. Освен ако не работиш у обсе.
Иначе по дома, невестата е супер, малиот расте, колата се тркала, Брус Ли има рак на кожа (може нема, може е нормално ама стварно многу му паѓаат тоа влакната и ме вади од памет), уште магарето да го научам да не јаде и се ќе биде ко под конец.
Брќа комунисти и тарзани, поздрав. (го има напишано на еден ѕид ова, ама кај беше..)
Изгинах разбирш.
Што би рекол дечкото што работи во сендвичарата на Стража: -"Немоам појќе". Ама ај да не се жалам да не ми скршат некое ребро... Незнам од кај да почнам и што да пишувам...последно напишано ми е тоа дека се вработив, еве веќе втора недела сум во фирмава и сега за сега е ок. Малце е зае*ано што работното време е демек до 5, а во 5.30 уште никој нема абер да стане да си оди ама аj, ќе се среди тоа. Директорот е на одмор па нема кај да се жалам...замислете нема пауза :S т.е. има ама не ја користат... Незнам како работат луѓево, да седнам на столче од 9 сабајле до 6 и да не излезам на пола саат негде да се размрдам? Ќе се мрднам за еден месец. По дома инаку е ок, Брус Ли е ослабен малце повеќе, од жешково...а и слабо му давам да јаде, може да е и до тоа. Сопругата слуша, безпругата неслуша. Такви се тие работи, неможе се да биде ок, нема да биде интересно. Еве пред некој ден на пример, тоа југото што го земав ми застана карши Мавровка. Тој ден неможев да го земам пошто заглавив на работа, а исто и наредниот па остана за вчера. Одам до југово и што да видам, предната гума дупната, ама затоа па запали од прва.
Братучед ми ќе се жени, сега само што ми се јави, да ми донел покана. Ај за арно за убаво...ахаха...закон. Мал излив на емоции де ок е.
Кај застанав со моабетот...нигде...е добро де толку толку, а ич? Ај да не ме испоапсат овде дека си пишувам наместо да работам, се одјавувам со зборовите... - Чао
:D
Најдов работа :) од втора... првиот обид знаете како помина, сум бил преквалификуван :) нејсе, испратив CV во Wizard компјутери ми вратија назад наредниот ден дека сум влегол во потесен круг и дека ќе ми се јават за интервју. Поминаа скоро две недели од тогаш и дури завчера ми се јавија со објаснување дека биле премногу зафатени па ете да договориме разговор за вчера. Отидов до кај нив, направив моабет со шефот, ми изгледа како ок човек, му кажав што се сум работел, колку и каде, се договоривме за почетна плата и тадааа, од понеделник почнувам :) Во дуќанов прва смена ќе ја држи Ф., брат му на К. :) а јас најверојатно ќе си продолжувам со втора, зависи како ќе се договориме со Т. И така....
Е заборавив да пишам и дека минатата недела го трампав моторот, за Југо. Југото е ок, врши работа ама ќе го продавам, ми требаат парите сега, а дечкото што го зема моторот ми се јавува вчера (татко му, да бидам попрецизен)
- Баже, абе беше во ред моторот со вода и тие работи?
- Да, зошто?
- Па син ми ми се јави сега од град му прокувал моторот...
- Незнам, до сега не сум имал проблеми со него
- Добро ај, му ставил вода он па чека да се излади и ќе се врати
- Кај му ставил вода???
- Па во моторот...
- Ама за да се стави вода во тој мотор треба да се расклопи целиот, хладњакот му е под резервоарот.
- Аха....чекај ај да му се јавам да прашам
после 3 минути
- Ало Баже, овој мојов ставил вода во тоа пластичното што е под резервоарот
Под резервоарот иначе е пумпата за уље 
Шпански професор им објаснува на своите ученици дека за разлика од англискиот јазик, во шпанскиот именките имаат машки или женски род. “ Куќа “ на пример, во шпанскиот јазик е женско: “ La casa “, додека “ Пенкало “ пак, е машко “ El lapis “.
Тогаш некој ученик прашува “ Па кој род е Компјутерот “?
Професорот наместо да одговори тој го дели класот на два дела, машки и женски и им вели тие да одлучат дали “ компјутер ” ќе биде машки или женски род.
Секоја група има за задача да даде по четири причини.
Машката група одлучува дека “ компјутерот “ треба дефинитивно да биде женски род (''la computer'') затоа што:
1. Никој освен нивниот креатор не ја разбира нивната интерна логика
2. Мајчиниот јазик што го користат за да комуницираат со други компјутери е несоодветен за сите други
3. Дури и најмалата грешка е сочувана во меморијата за подоцна да може да се разреши; и
4. Штом купиш еден (дадеш заклетва), ќе мораш половина од својата плата да ја потрошиш за опрема за него.
Женската група пак одлучува дека “ компјутерот “ треба дефинитивно да биде машки род (''la computer'') затоа што:
1. Во случај да сакаш нешто да правиш со него, мораш прво да го запалиш
2. Имаат толку многу податоци во нив а сепак незнаат да мислат за самите себе
3. Би требало да ти помогнат да решиш проблем, но половина од времето тие се проблемот
4. Штом купиш еден (дадеш заклетва), ќе сватиш дека кога би чекал малку подолго би можел да земеш подобар модел.
И жените победиле 
Добро сте виделе вие некој што добил мобилен од наградната игра на Кока Кола? Или ај, барем да сте слушнале. Јас не, а и никој околу мене. Што вика С. пола мобилен го исплатив со пораките што ги пратив до сега. Се палиме како магариња на наградниове игри, а абер немаат. Исто е и со кафето, Браво Премиум, еден куп стокови награди, и автомобил... рече ежот и се симна од клозетската четка. Само сега се подоправија они, почнаа да даваат по некоја маичка, шоља за кафе, 50 денари и 200гр. кафе. Јбг, тоа ти е...
Вчера не отидов на стадион, останав дома, па можев да гледам фудбал, за прв пат на А1. За играта на нашите нема да мрчам многу, имавме шанси, можевме да тепаме, ама кога од ситуации во кои е невозможно да утнеш - утнуваме, не ни очекувам победа. Она што ми го привлече вниманието беше преносот на А1. Почетокот на преносот почна уште половина час пред почетокот на натпреварот, имаше модерни телопи, разговор со гостин на самиот терен, кооонечно камери позади головите и пред север, и пренос од прес конференција. Е да, и фала богу имаше резултат и време на натпреварот во горниот лев агол, да не се чудиш цело време која минута е. Епа така се прави тоа мили мои, додека МТВ си играше ку*ташак, другите работеа, па сега им ги лапнаа и правата од ФФМ за пренос на натпреварите на нашата репрезентација. Луѓето учат на грешки, ваљда одговорните во МТВ ќе се освестат и ќе почнат да работи како што треба, а за А1, едно големо БРАВО!
п.с. имав еден текст пред многу години на Абер за телевизииве наши, па бујрум :)
Некако актуелни ми се случувањава во и околу фудбалов наш па ај викам да пишам збор-два на таа тема. "Лакрдија 2.дел", ваков транспарент се појави на Јужна, на финалето од купот помеѓу Вардар и Победа. И со право, претходниот натпревар беше срамота. По наместена утакмица немате видено во живот, Кировски сам пред гол наместо да шутира одма, ја смири топката па откако неможеше да утне пошто беше апла пред гол, мораше дури и да се радува. Во наредниот напад Победа без проблем даде гол. Срамота беше...нормално си се спакувавме и си отидовме. Околу фудбалов наш актуелни се и превирањата во ФФМ. Хари нејќе да си оди, а знае дека е готов, од друга страна па Панчев демек душа дава за нашиве, а јаде бурек кај ќе стигне дека не не бива. И така додека се тепаат они кој да лапне пари страда репрезентацијата. А репрезентацијата, таман демек имавме какви-такви добри резултати, по смената на Хари ќе си одел Катанец. Нема врска, битно бираме дрес ние. DRES ID...треба да бираме репрезентација, ете ви добра идеја REPRESENTATION ID. И кога ќе ги одбереме репрезентативците ќе ги облечеме во еден од трите "wow" дресови. За едниот ќе треба да им набавиме капи за да се надополни впечатокот дека сме дворски шутови. Зборам за дресот што демек го има знамето на него, оној до пола. Другиот дрес наводно има лав на него, само што лавот им останал во зоолошка...или па јас сум ќор...и пола држава. Во секој случај ќе треба да стават лепенка напред, "Имаме лав на дресот" за да знаат и противниците, пошто вака ќе мислат дека е само мртва природа насликана на дресот. Третиот дрес е едноставен, нема ништо посебно на него, нити ја отсликува Македонија, нити нешто национално, фолклорно или било кој друг атрибут што се бараше во конкурсот за избор. Личи на реклама за кока кола, или еуро крем. Јас испратив 5-6 дизајни, еве два од нив..не да се фалам ама ;)
бидете така и не заборавајте, ако возите, строго по десно...


Да да, барам работа, т.е. барав....уствари уште барам :) Туку ај да ви раскажам што ми се случи па ќе ви стане јасно зошто ми е двоумењето. Си читам Дневник и гледам оглас за веб дизајнер. Некоја нова фирма за која никој нема слушнато, ама зошто да не, ако платата е ок, си ја знам работата нема зашто да се секирам. Си го пратив CV-то, што рака на срце е така малце по замашно, и после некое време ми се јавија на телефон. Ме известија дека според испратеното сум во наредниот круг, и дека следен чекор е да отидам кај нив на разговор. Си се дотерав наредниот ден ко за на систематски и правец во фирмава. Фино средено место, млади дечки и девојки, одлична атмосфера за работа. Почна интервјуто со моабетот дека ако ме викнат наредниот ден тоа би бил финален чекор, за на крај да заврши со тоа дека наредниот ден кога ќе дојдам ќе треба да видат само како работам и тоа е тоа. Се покажав ептен на разговорот, а и имам искуство четири пати повеќе во работава од што постои фирмата. Си отидов од кај нив среќен и задоволен и се беше ок додека не заѕвони телефонот.
-Благоја?
-Да
-Од хххххх се јавувам, во врска со разговорот за работа, да ве известам дека утре нема потреба да доаѓате бидејќи не сте одбран за последниот круг.
-Молам!?
-Видете, причина за ова е што вие сте пре-квалификуван за оваа работа.
и така, ај....
Ете мили мои фиромци, како што милуваат да не кажат соседите, т.е. "браќата", бидна и Евровизија 2007. Незнам од кај да почнам со коментарите, искрено незнам ни зошто дремев пред телевизор кога однапред знаев која земја за кого и како ќе гласа. Како нема да пуштат во кладилница некоја обложување за Евровизија, ќе ги соголам. 1-1 дека Кипар ќе ги почасти циганите со 12 бода, Шведска - Норвешка, ние - Србија итн итн. Ние после Евровизијата како што ни доликува на прави Македонци, почнавме да си наоѓаме маани. Каролина правела гримаси, па не ни чинела песната, па Елена имала поголеми ци*ки, па сценскиот настап требало да биде подобар...сенешто. Колку за споредба за српската претставничка и виц излезе одма пред настапот -Зошто отишла Марија на Евровизија? -За да не служи војска. :D Значи не е до убавината ни до ци*ките, а не е ни до песната. Политика е мили мои, незнам само нас кога ќе ни дојде памет. И без тоа не резилат ова буљашиве од комшии и ни викаат фиром, предлагам наредна година да го пратиме Војо Стојановски. Позади него едно 100 луѓе облечени во "Don't you fyrom me" маички, а Војо со кренати раце пее "...ние не сме срби, бугари ни грци, чеда сме на Александар, гордост македонска..." може ќе ни го протолкуваат настапот како различен од се досега (Лорди н.з.) па ќе тепаме и ние :)


![]() |